Норис ќе тргне од пол-позиција во Холандија (ФОТО)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис беше најбрз во квалификациите за трката за Големата награда на Холандија.

Актуелнот шампион беше недопирлив за конкуренцијата, па така зад себе ги остави возачите од Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели.

По водечката тројка следат Оскар Пјастри, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Макс Ферстапен, Лијам Лосон, Габриел Бортолето и Арвид Линдблад.