Катастрофа за Атлетик Билбао: Севилја се прошета низ Баскија

Фудбалерите на Севилја остварија убедлива победа на гостувањето кај Атлетик Билбао (3-1) во второто коло од шпанската Ла Лига.

Кошмарен старт имаше домашниот тим, кој доби црвен картон уште во 11. минута, а Севилја само четири минути подоцна погоди преку Осо за водство од 1-0.

Гостинската екипа доминираше во вториот дел, па набрзо погоди преку Ејуке и Ромеро за предност од 3-0, додека Атлетик Билбао преку Паредес намали на 1-3 до крајот на средбата.

Севилја има шест бодови по две одиграни кола, додека Атлетик Билбао нема освоен поен.

Фото: Sevilla Fútbol Club/X