Валенсија имаше среќа, Димитриевски го сочува голот за бод на стартот од сезоната (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со нерешен резултат ја почна новата сезона во шпанското првенство откако вечерва на домашен терен одигра без голови со Селта.

Јасно е дека двете екипи се далеку од најдобрата форма поради што натпреварот не ги оправда очекувањата. Упатени беа само пет директни удари кон двата гола, но ниедна топка не заврши во мрежата. Нешто подобра беше Селта која имаше три шанси за гол, но гостинските фудбалери не го совладаа Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативен голман го одбрани извонредниот удар на Хави Родригез во 38. минута, но и тој и Валенсија имаа среќа во финишот од мечот кога Маркос Алонсо од врвот на шеснаесетникот беше за малку непрецизен.

За двете екипи ова беше прв меч во сезоната и прв освоен бод, а за првиот гол ќе мора да почекаат до следниот натпревар.