Кирјос победи, првпат по 29 месеци

Австралискиот тенисер Ник Кирјос обезбеди пласман во второто коло од Мастерсот во Мајами откако ноќеска го совлада Мекензи Мекдоналд од САД со 2-1 (3-6, 6-3, 6-4) за 103 минути игра.

За време на мечот, Кирјос имаше 13 аса, направи три двојни сервис грешки и реализира три од седумте брејк топки. На крајот, стигна до првата победа на АТП турнир по пауза од 29 месеци, односно по октомври 2022 година.

Во второто коло тој ќе се сретне со рускиот тенисер Карен Хачанов кој како 22. носител обезбеди директен пласман во следната фаза.