
Четвртфинале за Ѓорческа во Марибор - по голема борба ја елиминираше четвртата носителка!
Француската тенисерка која е 153. на ВТА листата и четврта носителка во Марибор влезе како фаворит во мечот против Ѓорческа, но македонската претставничка одигра одлично и заслужено обезбеди место во четвртфиналето.
Првиот сет Ѓорческа го доби со 6-4 за потоа Французинката да заигра подобро во вториот и да и дозволи на Ѓорческа само два гема. Одлучувачкиот сет донесе неизвесна борба која се решаваше во тај-брејк каде што Ѓорческа беше поуспешна со 11-9.
До победата Ѓорческа стигна за време од два часа и 37 минути игра. Ѓорческа на ВТА листата се наоѓа на 294. место, а утре ја очекува меч против Грузијката Мариам Болквадѕе која е нејзина партнерка во двојки на овој турнир.