
Украинци ќе ѝ судат на Македонија во Вадуц
Балакин е главниот судија, негови помошници ќе бидат сонародниците Виктор Матијаш и Олександар Беркут. Четврти судија е Денис Шурман.
И судиите во ВАР ќе бидат од Украина, Виктор Копиевски е главен, а негов помошник е Олекси Деревински.
Интересно, овој судија го судеше мечот меѓу Лихтенштајн и Македонија кој го одигравме во 2021 година. Тогаш победивме со 5-0.
Македонските фудбалери денеска пристигнаа во Бад Рагаз, во Сент Гален каде ќе биде базата пред мечот во Вадуц.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра во сабота со почеток од 15 часот.