Шкупи, Воска и Љуботен добија забрана за трансфери од ФИФА!

Шкупи и Воска повторно се најдоа на „црната листа“ на ФИФА, а сега таму е и женскиот фудбалски клуб, Љуботен.

ФИФА објави нова листа на клубови кои добиваат забрана за трансфери, а на неа има три од Македонија.

Шкупи и Воска повторно добија забрана за регистрација на играчи. Овие два клуба и претходно беа на оваа „црна листа“, но тогаш ги регулираа долговите по што забраната им беше крената.

Но, не помина многу, овие два тима повторно се на тапет кај ФИФА. Двата клуба ќе имаат забрана за трансфери која е почната од крајот на февруари, а ќе трае во наредните три преодни рока. Исто како и претходниот пат, се работи за долгови на клубовите кон странски играчи.

Овојпат на листата за забрана на трансфери е и женскиот фудбалски клуб Љуботен кој исто така има забрана во наредните три преодни рока која е почната од 12. март.