Црвена звезда го победи најдобриот тим во Евролигата и тоа на негов терен!

Кошаркарите на Црвена звезда направија големо изненадување во Евролигата откако го совладаа Олимпијакос на негов терен со 81-73.

Олимпијакос е лидер на табелата во Евролигата и во денешниот меч влезе со шест победи по ред за разлика од Црвена звезда која имаше три последователни порази.

Но, на големо изненадување во дуелот меѓу двата црвено-бели тима се радуваа оние од Белград.

Црвена звезда фуриозно го почна мечот, првата четвртина ја доби со 20-8, создаде голема предност која ја одржа до самиот крај на натпреварот.

Олимпијакос во последниот период влезе со негатива од само три поени и се чинеше дека во последниот период ќе го направат очекуваниот пресврт, но српскиот тим одигра одлично и на крајот славеше со 81-73.

Најефикасен во составот на Црвена звезда беше Гиедраитис со 20 поени, кај Олимпијакос Везенков постигна 19.