Тухел: Англија со страв играше на ЕП 2024, не беше гладна за титула!

Селекторот на Англија, Томас Тухел даде коментар за настапите на репрезентацијата под водство на неговиот претходниот Герет Саутгејт на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Тухел смета дека екипата на последниот шампионат не била доволно гладна за титула и затоа загубила од Шпанија.

„Што ѝ недостигаше на Англија? Идентитет, ритам, слобода, глад за титула. Тие играа со страв на ЕП 2024, беа исплашени дека ќе испаднат рано и не беа доволно возбудени и гладни за триумф“, кажа Тухел.