Хојлунд ѝ даде гол на Португалија и прослави како Роналдо (ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд беше ѕвезда на вечерта во Копенхаген каде Данска со 1-0 ја победи Португалија во првиот плејоф натпревар од Лигата на нации.

Хојлунд го постигна голот за победа за 78. минута и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо кој се наоѓаше во противничкиот тим и можеше да види што се случува. По натпреварот, данскиот фудбалер беше нападнат од светските медиуми и фановите дека го провоцира Роналдо, но тој демантираше дека имал таква намера.

„Не сакав да провоцирам никого, секогаш велев дека Кристијано има големо внимание врз мојата фудбалска кариера. Неверојатно е тоа што успеав да постигнам гол против него. Во 2009 година видов како погодува од слободен удар и оттогаш сум негов фан“, рече Хојлунд.

Разликата меѓу него и Роналдо е 18 години, неговиот роденден е еден ден пред оној на Португалецот, а Хојлунд е роден неколку пет месеци пред Кристијано да го направи првиот трансфер во Манчестер Јунајтед.