Јунајтед заинтересиран за Украинецот од Челси

Манчестер Јунајтед посакува голем број засилувања по крајот на оваа сезона бидејќи на сите им е јасно дека шансата за Лигата на шампионите е изгубена, а дел од своите желби веќе ги истакна и Рубен Аморим.

На списокот на на португалскиот стручњак има петмина напаѓачи, а се бараат и крилни играчи. Најголемо изненадување меѓу посакуваните од Аморим е украинскиот репрезентативец Микаило Мудрик. Фудбалерот на Челзи вреди меѓу 40 и 50 милиони евра, а Аморим би можел да ја има најважната улога во евентуалниот трансфер.

Мудрик не покажа многу на Стемфорд Бриџ, но никој не ги оспорува неговите квалитети и Аморим верува дека овој играч одлично би се вклопил во тимот на Манчестер Јунајтед.