Катастрофа на Лејкерс без Леброн и Дончиќ, ама блесна - Брони (ВИДЕО)

Без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, како и Ривс Клебер, Хачимура и Фини-Смит, Лос Анџелес Лејкерс доживеа убедлив пораз од Милвоки на домашен терен со 89-118 и повторно си ја искомплицира ситуацијата во борбата за второто место во Западната конференција.

Натпреварот не донесе никаква неизвесност бидејќи Бакс уште во првата четвртина поведоа со 17 разлика, а највисокото водство им изнесуваше 35 поени. Дури, немаше потреба Јанис Адетокумпо да игра премногу и тој на теренот помина само 29 минути за кои постигна 28 поени со кои беше најдобар стрелец на мечот.

Во отсуство на главните играчи на Лејкерс, поголема шанса доби синот на Леброн Џејмс, Брони и максимално ја искористи. Во игра беше безмалку 30 минути и оствари личен рекорд од 17 поени, со шут од игра 7/10. Ова беше и негов најголем број упатени удари бидејќи претходно „рекорд“ му беше шест.

Лејкерс сега се на четвртата позиција на Западот, на 13 меча пред крајот на основниот дел од сезоната, но го завршија пеколниот распоред, а наскоро би требало да се врати и Леброн Џејмс.

РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - Њујорк 115-98
Индијана - Бруклин 105-99
Голден Стејт - Торонто 117-114
Сакраменто - Чикаго 116-128
ЛА Лејкерс - Милвоки 89-118