Бугарските навивачи извадија транспарент во чест на загинатите во Кочани

На вчерашниот меч од Лигата на нации меѓу Бугарија и Република Ирска, бугарските навивачи изразија сочувство за загинатите во ужасниот пожар во Кочани.

Мечот се играше во Пловдив, а Бугарите извадија транспарент на кој пишуваше: „Бугарија тагува со вас“.

Се работи за навивачите на Локомотив Пловдив кои беа да ѝ дадат поддршка на бугарската репрезентација во мечот со Ирците. 

Бугарија го загуби мечот со 2-1.