Поранешен играч на Металург стана најплатен ракометар во светот!

Црногорскиот десен бек кој во 2014 година настапуваше за Металург, Владан Липовина прави историски трансфер кој ќе му донесе многу пари за ракометни услови.

Липовина стави потпис на тригодишен договор со Ал Кувајт и ќе заработува 800.000 евра по сезона.

Тоа значи дека 32-годишниот ракометар ќе заработи 2.4 милиони евра за три години.

Со бонуси за титули кои тимовите вообичаено ги даваат, би можел да стигне и до милион евра годишно.

Толку во ракометот не заработуваат ни најголемите играчи. Матијас Гидсел кој неодамна го продолжи договорот со Фуксе Берлин заработува 50.000 евра месечно. Толкави месечни плати имаат и Дика Мем од Барселона и Андреас Волф од Кил, а сега новиот рекорден ќе биде Владан Липовина со месечна плата од речиси 66.600 евра.