Алкараз болно искрен: Далеку сум од тоа што сакам да бидам - тренинзи и мечеви не се исто!

Еден од најдобрите светски тенисери, Карлос Алкараз, зад себе остава исклучително турбулентен период откако помина речиси пет месеци надвор од терените поради повреда.

Младиот Шпанец веќе се соочува со сериозни физички предизвици, кои не само што го мачат него и неговите навивачи, туку претставуваат и потенцијален проблем за иднината на овој спорт. И покрај тоа што успеа да се врати со настапот на турнирот во Токио, каде што стигна до полуфиналето, тој отворено признава дека сè уште не е задоволен од својата моментална форма. Претходно, на Ју-Ес Опен во Њујорк, неговиот пат беше запрен во четвртфиналето од страна на американскиот тенисер Бен Шелтон.

Од своето враќање на теренот, Алкараз одигра вкупно девет натпревари во сингл конкуренција, поради што е очигледно дека му недостига вистински натпреварувачки ритам кој го красеше во минатото.

„Нема да кажам дека сум многу далеку, но сè уште не сум таму каде што сакам да бидам“, истакна Алкараз.

Иако визуелно изгледа одлично на теренот, се движи беспрекорно и им задава сериозни главоболки на своите ривали, тенисерот од Мурсија нагласува дека најголемиот проблем е токму недостатокот на официјални мечеви. Тој напорно тренира, но свесен е дека му се потребни уште многу дуели за да може целосно да се врати во својот препознатлив ритам.

„Правам одлични работи, тренирам добро, но не е исто да се натпреваруваш и да тренираш. Морам да се потрудам она што ми функционира на тренинзите да го пренесам и на натпреварите. Задоволен сум од начинот на кој играм, како и од тоа како се чувствувам на теренот. Го давам својот максимум“, порача Шпанецот во Токио.

Иако тековната сезона полека се ближи кон својот крај, Алкараз го зголемува темпото со цел да биде максимално подготвен за следната натпреварувачка година, користејќи ги преостанатите настапи како подготовка.

„Турнирите кои се пред мене и мечевите кои ќе ги играм ќе бидат интересен тест за мене. Ќе се трудам од секое искуство да извлечам поуки и да продолжам да напредувам“, заклучи Алкараз.