Ѓоковиќ го дозна евентуалниот ривал за трофејот во Пекинг - ако го мине Медведев!
Натпреварот заврши неславно кон средината на вториот сет, кога Полјакот поради повреда беше принуден да го предаде мечот и да се повлече од понатамошното натпреварување. Австралиецот во битката за трофејот ќе ги одмери силите со подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Даниел Медведев.
Де Минор до моментот на прекинот имаше целосна контрола врз резултатот. Тој го доби првиот сет со 6-4, а одличната игра ја пренесе и во вториот дел од мечот каде што имаше предност од 3-2. Во шестиот гем од вториот сет, при водство од 40-0 на сервис на противникот, на Де Минор му недостигаше само уште еден поен за нов брејк и трасирање на сигурен пат кон победата, но токму тогаш Хуркач сигнализираше дека не може да продолжи.
Оваа полуфинална пресметка траеше еден час и осум минути пред официјално да биде прекината, што му овозможи на австралискиот тенисер со заштедена енергија да го очекува финалниот ривал.