Винисиус со гол во 99. минута му донесе победа на Бразил (ВИДЕО)

Петкратниот светски првак Бразил направи огромен чекор кон пласманот на Мундијалот откако ноќеска на домашен терен ја совлада Колумбија со 2-1.

Играчите на Барса и Реал ги постигнаа головите за „кариоките“, но особено значаен беше оној на Винисиус, постигнат во деветтата минута од судиското продолжение. Претходно Рафиња го отвори резултатот, а Луис Диаз пред крајот на првото полувреме израмни на 1-1.

Со оваа победа Бразил привремено изби на второто место на табелата во јужноамериканските квалификации со 21 бода, четири помалку од лидерот Аргентина, но големи осум повеќе од седмопласираната Боловија, на пет кола пред крајот на циклусот. Пред Бразилците е исклучително важен меч, против светскиот шампион Аргентина како гостин, а натпреварот се игра в среда рано наутро по средноевропско време.

РЕЗУЛТАТИ
Парагвај - Чиле 1-0
Бразил - Колумбија 2-1
Перу - Болиција 3-1