Поранешна светска шампионка во пливање е нов претседател на ИОК

Министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри е избрана за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), со што стана првата жена, како и првата личност од Африка, која е назначена на оваа позиција.

Ковентри стана и најмладата претседателка на МОК во историјата, а нејзиниот мандат ќе трае до 2033 година. Седум кандидати беа во трка за оваа позиција, а двократната олимписка шампионка во пливање победи во првиот круг откако својот глас го дадоа речиси 100 нејзини колешки.

„Ќе ве направам сите многу горди и се надевам дека ќе бидете многу сигурни во одлуката што сте ја донеле. Сега имаме уште малку работа заедно“, рече Ковентри во нејзиниот победнички говор.

Таа ќе го замени Германецот Томас Бах на местото претседател на МОК. Ова беше една од поотворените трки за претседател на МОК во историјата, без јасен фаворит пред почетокот на гласањето.