
Јокиќ и Мареј пак не играа, Дончиќ го растури Денвер (ВИДЕО)
Ноќеска, во дербито на Западната конференција славеше Лос Анџелес Лејкерс со 120-108 на крилјата на фантастичниот Лука Дончиќ кој брзо се промовира во лидер на тимот од Калифорнија кој ја оствари третата победа во низа. Со неа, Лејкерс се искачија на третото место и сега ја напаѓаат втората позиција на Западот каде во моментов е Хјустон со две победи, но и два натпревара повеќе.
Одлучувачка на мечот беше првата четвртина која Лејкерс ја добија со 46-29 и тоа е најефикасна четвртина на овој тим сезонава, а Дончиќ сам постигна 21 од нив. Гостинот никако не успеваше да најде противигра, а водството на домашниот тим се зголемуваше до највисоките +30 на почетокот од последниот квартал. Во финишот Денвер се доближи на само осум разлика, но немаше време за комплетен пресврт.
Лука Дончиќ го диктираше темпото и постигна 31 поен, 9 скока и 7 асистенции, Ривс додаде 22 поена, додека Ерон Гордон, во отсуство на првите ѕвезди, беше прв играч на Денвер со 26 поени и 11 скока. Што се однесува до Јокиќ, тој не играше поради две повреди - на десното рамо и на левиот скочен зглоб.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Далас 135-131
Орландо - Хјустон 108-116
Мајами - Детроит 113-116
Минесота - Њу Орлеанс 115-119
Оклахома - Филаделфија 133-100
Сан Антонио - Њујорк 120-105
Јута - Вашингтон 128-112
ЛА Лејкерс - Денвер 120-108
Феникс - Чикаго 127-121
Портланд - Мемфис 115-99
Сакраменто - Кливленд 123-119