Тиквеш засекогаш го повлече дресот на Лазаров – настрадан во пожарот во Кочани!

Управата на Тиквеш донесе одлука да го повлече од употреба дресот со број 16 во чест на својот поранешен фудбалер, Андреј Лазаров, кој остави неизбришлив белег во историјата на клубот.

Тој настрада во ужасниот пожар во Кочани, во кој вкупно загинаа 59 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Лазаров беше фудбалер на Шкупи каде што се врати летово од хрватска Горица, но претходно неколку сезони беше дел и од клубот од Кавадарци.

„Неговиот придонес за успесите на нашиот клуб е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, трајно се повлекува и ќе остане во клубските простории како вечен спомен“, соопштија од Тиквеш.

Клубот со оваа симболична одлука му оддаде последна почит на Лазаров, кој сезонава играше за Шкупи, истакнувајќи дека неговото име и наследство ќе живеат вечно. Ангелите никогаш не заминуваат – тие остануваат засекогаш во срцата на сите што ги паметат, потенцираат кавадарчани. Во текот на вчерашниот на плоштадот во Кавадарци беше отворена и книга на жалост во негова чест.