Почина екс-фудбалер на Баерн по тешка повреда на пријателски натпревар

Почина поранешниот 18 годишен фудбалер на Баерн Гуо Џиахуан кој пред повеќе од еден месец заработи тешка повреда на тренинг натпревар во Шпанија откако бил удрен со колено во глава..

Семејството на младиот фудбалер претходно објави дека фудбалерот имал големо крварење во мозокот, а докторите уште веднаш соопштиле дека неговата состојба е критична и дека тешко ќе преживее.

Џиухан играше во одбраната, а повредата ја заработил на трениг-камп во организацијата на Пекингшкиот фудбалски совет.

По повредата псследните денови Џиахуан ги помина во болница во Мадрид.