Консеисао го заврши своето, се враќа - Алегри

Еден од најтрофејните италијански тренери Масимилијано Алегри повторно ќе работи во Серија А, тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров.

Според нив, тој се согласил да се врати на клупата на Милан и во моментов се работи на финализација на договорот. Ако ова се оствари, Алегри би се вратил во клубот кој го водеше од 2010 до 2014 година и со кого освои една титула во Серија А и една во Суперкупот на Италија.

Тоа значи дека португалскиот стручњак претстојното лето ќе ја заврши својата епизода во Милан која почна на стартот од 2025 година.