Перез ја дополни листата со желби со фудбалер на Ливерпул

Реал Мадрид планира да се засили на неколку позиции во текот на летниот преоден рок, а едно од потенцијалните засилувања е дефанзивецот Ибрахима Конате.

„Кралевите“ претходно покажаа интерес за Трент Александер Арнолд од Ливерпул, меѓутоа шпанската екипа сега на листата со желби го додаде и Конате.

„Ел Чирингито“ објави дека раководството на Реал Мадрид во следниот период ќе има преговори со одличниот фудбалер за можност да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.