Рамос ја дозна казната за тоа што клоцна противник (ВИДЕО)

Шпанскиот ветеран Серхио Рамос доби црвен картон во претходниот меч на Монтереј, откако клоцна противник од Пумас.

Рамос во финишот на мечот заработи исклучување откако го удри противничкиот фудбалер, но Дисциплинската комисија реши да го суспендира само на еден меч.

Доколку не се промени казната, шпанскиот дефанзивец треба да се врати на теренот на 6 април на дуелот меѓу Монтереј и Гвадалахара.