Аргентинците покрај Меси останаа без уште една ѕвезда пред дуелот со Бразил!

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез го откажа својот настап во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави Фудбалската асоцијација на Аргентина.

Тој не играше ни минатата недела против Феенорд во Лигата на шампионите, но се врати во тимот во дуелот со Аталанта кој Интер го доби со 2-0 и се зацврсти на првото место на табелата во Серија А. Мартинез е уште една од ѕвездите на „гаучосите“ кои го откажаа својот настап, по Меси, Монтиел, Ло Селсо, Дибала итн.

Без разлика на големиот број отсуства, Аргентина е на милиметри од пласман на Светското првенство бидејќи на шест кола пред крајот има осум бода предност од шестопласираниот Парагвај.