
Модриќ го загуби гласот и не се појави на прес-конференција
Беше планирано тој да им се обрати на новинарите и да ги изнесе своите очекувања, но во последен момент сето тоа беше откажано и на конференцијата се појави голманот Доминик Ливаковиќ. Фудбалскиот сојуз на Хрватска објави дека причината за промената е во тоа што Модриќ го загубил гласот и не можел да зборува.
Нејасно е дали станува збор за настинка или нешто друго, но фудбалерот на Реал Мадрид вечерва ќе биде во составот на хрватската репрезентација и како капитен ќе ја поведе екипата.