
„Кралевите“ денеска ги чека едно од најтешките гостувања во поновата историја
Имено, на последните девет гостувања во Ла Лига кај Виљареал Реал Мадрид има само една победа, шест нерешени натпревари и два порази.
Последен пат на гости во шпанското првенство Реал го победи Виљареал во 2017 година кога беше 2-3, тогаш головите за „кралевите“ ги постигнаа Герет Бејл и Кристијано Роналдо од пенал, а на клупата седеше Зинедин Зидан.
Реал Мадрид славеше на гости кај Виљареал во 2023 година, но тоа беше натпревар од Копа дел Реј.
Виљареал сезонава игра добро во Ла Лига и е петти на табелата со 44 бода, додека Реал Мадрид има 57, колку и лидерот Барселона.