
Најголемиот пацер меѓу голманите направи нова грешка – за пораз на Шалке (ВИДЕО)
Германскиот чувар на мрежата направи клучна грешка во 88. минута, што ѝ донесе победа на гостинската екипа. Домашните водеа од 27. минута со голот на Кристофер Антви-Аџеј, но Хановер израмни во самиот финиш преку Јаник Рошелт. Веднаш потоа, Кариус лошо процени центаршут од корнер, ја промаши топката, а Хавард Нилсен со глава го постигна победничкиот погодок.
Ова беше само третиот натпревар за Кариус во дресот на Шалке, откако во јануари пристигна во клубот. По добриот старт и одличните одбрани против Минстер и Херта, надежите на навивачите дека ги оставил грешките во минатото беа разбиени со новата кикс-ситуација. Ова, секако, не е најголемата грешка во неговата кариера. Најпознатиот негов момент останува финалето од Лигата на шампионите во 2018 година, кога како голман на Ливерпул направи две катастрофални грешки што му ја донесоа титулата на Реал Мадрид.