ПМФЛ: Силекс, Гостивар и Работнички сакаат да го искористат ремито на Шкендија!

Oткако вчера колото беше отворено со дербито помеѓу Вардар и Шкендија денеска возбудувањата во македонскиот фудбал продолжуваат со преостанатите пет дуели од 24. коло.

Шкендија вчера не победи, па така екипите на Силекс, Гостивар и Работнички имаат прилика со победи во своите натпревари денеска да ја намалат предноста на тетовскиот клуб.

Сите три екипи играат на гостинските терен, но ќе ја имаат улогата на фаворит.

Силекс гостувар во Струмица кај Брера која сезонава води битка за опстанок и избраниците на Васоски сакаат по ремито со Вардар во минатото коло на свој терен да се вратат на победничките патеки и да ја продолжат трката со Шкендија.

Работнички е гостин во Охрид и ќе се обиде да слави против претпоследнопласираната Воска која е во серија од два порази во низа.

Гостивар како и Силекс во претходното коло ремизираше, па сега ќе се обиде против Тиквеш во Кавадарци да освои три бода.

На табелата Силекс со 45 бода заостанувап пет зад Шкендија, додека Гостивар и Работнички се со по 44.

Во преостанатите две средби актуелниот шампион Струга кој веќе нема реални шанси да ја одбрани титулата се соочува со Беса, додека Пелистер гостува на Чаир кај Шкупи.

Сите натпревари се играат во терминот од 15:00 часот.