
По две години во Фенербахче, Тадиќ се враќа во Ајакс
Турските медиуми тврдат дека тој веќе постигнал договор со тимот од Амстердам каде настапуваше од 2018 до 2023 година и играше во животна форма. Иако нема официјална потврда, може да се претпостави дека овие информации се точни бидејќи Тадиќ беше означен како главен виновник за елиминацијата на Фенербахче од Ренџерс во Лигата Европа и му порачаа дека не е потребен на екипата.
Тадиќ е на залезот на кариерата, веќе има 36 години, а по Европското првенство во Германија се прости и од српската репрезентација.