ФФМ го суспендира Васоски на еден меч!

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку одлуки за инцидентите во Првата и Втората македонска лига.

По инцидентот по последниот судиски свиреж меѓу Силекс и Вардар, Дисциплинската комисија при ФФМ на тренерот Александар Васоски му одреди суспензија од еден меч.

Суспензија од по еден натпревар добија и фудбалерите Илија Донев од Силекс, Бесмир Даци од Шкупи и Константин Чешмеџиев од Гостивар.

Комисијата одреди суспензија од два натпревари за фудбалерот на Брера Струмица Мартин Ѓорѓиевски, а иста казна имаше и за Блаже Јанакиевски (шеф на стручен штаб на Башкими) и Љупчо Симовски (тренер на Осогово).

Дисциплинската комисија, исто така, поведе постапка против Башкими и Вардар поради користење на пиротехнички средства од страна на навивачите.