
Ретклиф издвои пет ѕвезди кои не заслужуваат да играат за Јунајтед
Ретклиф кажа дека дел од фудбалерите не заслужуваат да го носат дресот на „црвените ѓаволи“, а дел од нив се преплатени и не ги оправдале очекувањата.
На списокот на Ретклиф се најдоа пет ѕвезди, кои скапо го чинеле премиерлигашот и смета дека треба грешките да се поправат во иднина.
Бизнисменот смета дека фудбалерите како Касемиро, Расмус Хојлунд, Антони, Џејдон Санчо и Андре Онана не се доволно добри да играат за премиерлигашот.
Санчо и Антони веќе заминаа на позајмица, додека останатите тројца често добиваат критики поради лошите настапи за тимот.