Хрватски навивачи се тепаа на автопат – еден остана да лежи неподвижен (ВИДЕО)

Голема навивачка тепачка се случи на автопатот по излезот од Загреб, каде што дојде до судир меѓу групите „Бед Блу Бојс“ (БББ) и „Торнадо“ од Задар.

Конфликтот избувна непосредно пред вчерашниот натпревар од 25. коло на хрватската фудбалска лига, во кој Динамо Загреб славеше против Славен Белупо (1-0) во Копривница. Судирот се случил кога навивачите на „Торнадо“ патувале кон Осјек за кошаркарски натпревар против екипата на „Вриједноснице“, па случајната средба на автопатот меѓу двете групи довела до жесток физички конфликт.

Официјалните информации за можни повредени или полициска интервенција сè уште не се објавени, но можно е да има и потешко повредени со оглед што на снимката се гледа како еден од учесниците неподвижен лежи на асфалтот.