Алисон правеше чуда на голот на Ливерпул, но еден голман доби подобра оценка (ФОТО)

Зад нас е убедлива недела во осминафиналето од Лигата на шамоионите, а по натпреварите интересно е што Алисон Бекер кој имаше одличен настап против ПСЖ не беше најдобро оценет голман.

Алисон Бекер правеше чуда на голот на Ливерпул против ПСЖ во натпревар во кој Французите целосно доминираа во текот на комплетните 90 минути. ПСЖ упати 27 удари кон голот на „црвените“ и десет од нив одеа во рамките од голот, Ливерпул пак постигна гол од единствениот удар кој одеше кон голот на Донарума.

Имаше Алисон неколку одлични интервенции, но на крајот и со таков настап не беше голманот со највисока оценка. Предност пред бразилскиот чувар на мрежата доби Војчех Шчесни.

Одличен беше и Шчесни кој го сочува својот гол против Бенфика овозможувајќи Барселона исто така да слави победа од 0-1, но интересно е што на самиот натпревар тој не беше играч на мечот, тоа признание му припадна на Педри кој пак не е беше помеѓу најдобро оценетите фудбалери.