
Рома победи со гол во 94., Лацио со гол во 98. минута (ВИДЕО)
На домашен терен, „волчицата“ го совлада Атлетик Билбао со 2-1 во првиот осминафинален меч од Лигата Европа, благодарение на голот на Шомуродов во 94. минута. Се чинеше дека мечот ќе заврши без победник откако во период пд шест минути на стартот од второто полувреме, Ињаки Вилијамс и Ангелино постигнаа по еден гол за двете екипи.
Сепак, во 85. минута Алварез доби црвен картон, а во последните моменти од мечот, непосредно пред главниот судија да отссвири крај, Шомуродов се погрижи за триумф на Рома.
На сличен начин славеше и вториот римски тим Лацио кој со два фудбалера помалку ја победи Викторија Плзен со 2-1 како гостин. Лацио поведе преку Ромањоли, Дуросинми израмни, а потоа Ровела и Гиго беа исклучени, па италијанскиот тим остана со девет фудбалери во игра.
И покрај тоа, во 98. минута Исаксен се избори за добра позиција во противничкиот шеснаесетник и со фантастичен удар му донесе победа на Лацио пред реваншот во Рим идната недела.
РЕЗУЛТАТИ
Ајакс - Ајнтрахт 1-2
Рома - Атлетик 2-1
Бодо - Олимпијакос 3-0
Викторија Плзен - Лацио 1-3