
Дебакл на Звезда во Минхен, Панатинаикос го растури Реал
Домаќините славеа со 100-82, но не ја надополнија негативата од 24 поени од првиот меѓусебен меч, па во случај на ист број бодови на крајот, Звезда би имала предност на табелата. Вечерва одлучувачки беа нешто повеќе од четири минути во финишот од првото полувреме во кои Баерн направи серија од 13-0 и од 39-37, на одмор замина со 52-37, разлика која Звезда не успеа да ја надополни до крајот.
Дербито на вечерта се одигра во Атина каде Панатинаикос го разнесе Реал во репризата на финалето од минатата сезона во Евролигата. Европскиот првак славеше со 85-70, а Реал доби уште еден доказ дека сезонава е далеку од кремот во европската кошарка и му претстои многу тежок пат до пласман на завршниот турнир.
И покрај малите осцилации, ПАО ја имаше контролата над резултатот во текот на сите 40 минути, па дури и кога Реал ќе се доближеше, не постоеше реална опасност да го преземе водството. По овој триумф, Панатинаикос остана на третото место, додека Реал привремено е надвор од плејаут зоната, а шестопласираната Црвена Звезда има две победи повеќе, на шест кола пред крајот на основниот дел од сезоната.
За издвојување од вечерашната програма е и дебаклот на Олимпија Милано на домашен терен од Фенербахче со 76-100. Ненад Димитријевиќ на теренот помина 11 минути, без позначаен ефект, постигнувајќи два поена, две асистенции и еден скок.
РЕЗУЛТАТИ
Басконија - Жалгирис 66-65
Баерн - Црвена Звезда 100-82
Олимпија Милано - Фенербахче 76-100
Панатинаикос - Реал 85-70