Победа за Чурлинов, реми за Николов во Конференциската лига

Екипите на македонските репрезентативци Дарко Чурлинов и Бобан Николов се уште се со шанси за пласман во четвртфиналето од Конференциската лига.

Јагиелонија на Чурлинов на домашен терен го прегази Серкл Бриж со 3-0, со три гола во финишот од мечот. Трите гола беа постигнати од 69. до 78. минута, два од нив реализира Пулулу, а еден Романчук, а непосредно пред да почне гол-серијата, Чурлинов го напушти теренот.

Борац Бања Лука на Николов одигра нерешено против Рапид Виена во меч во кој босанскиот првак имаше и многу среќа. Гостите поведоа преку Бељо во 34. минута, во финишот постигнаа уште еден гол, но тој беше поништен за во 92. минута Вуковиќ од пенал да ги одржи шансите на Борац за пласман во четвртфиналето.

РЕЗУЛТАТИ
Борац - Рапид 1-1
Цеље - Лугано 1-0
Јагиелонија - Серкл Бриж 3-0
Пафос - Дјургарден 1-0