Погледнете го рекордот на Трајковски, во живо го даваше РТС! (ВИДЕО)

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски е херој на денот откако со нов македонски рекорд обезбеди пласман во финалето во скок во далечина, во рамките на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Апелдорн.

Ниедна македонска телевизија не врши пренос од оваа спортска манифестација, па домашните навивачи и љубители на атлетиката можеа да го следат настапот на Трајковски на Радио Телевизија Србија.