
Андреас Трајковски со нов македонски рекорд до финале на Европското првенство
Да биде успехот поголем, тој стигна до финалето со нов македонски рекорд во скок во далечина во сала, прескокнувајќи 7,85 метри со што го освои седмото место во квалификациите. Во првата серија, Трајковски прескокна 7.51 метар, во втората 7.77 метри и во третата серија 7.85 метри. Ова е огромен успех за Трајковски бидејќи тој стана прв македонски атлетичар што обезбедил финале на едно Европско првенство во атлетика.
Досегашниот македонски рекорд во оваа дисциплина изнесуваше 7,79 метри, а беше сопственост исто така на Трајковски, од Балканското првенство во Истанбул, остварен на 10 февруари 2024 година. Финалето во скок во далечина е на програмата утре со почеток во 20:34 минути, а нашиот атлетичар ќе се обиде да дојде до уштеа поголем успех.