Александер Арнолд може да замине, Ливерпул има негов наследник!

Ливерпул долго време се обидуваше да потпише нов договор со Трент Александер Арнолд, но не успеа во намерата, па англискиот репрезентативец најверојатно следното лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Тренерот на „црвените“, Арне Слот не е загрижен поради заминувањето на Александер Арнолд, затоа што има негов наследник, а станува збор за 21-годишниот Конор Бредли.

Бредли минатата сезона доби шанса кај тренерот Јирген Клоп, а сега би можел да потпише нов договор со премиерлигашот и да добие осум пати повисока плата.

Младиот и талентиран фудбалер во моментов заработува 630.000 евра годишно, но со новиот договор би добил околу 4,8 милиони евра од гигантот.