Торино ќе плати 17 милиони евра за да го задржи Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои срцето на управата на Торино, која планира да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.

Италијанските медиуми пишуваат дека Елмас ги воодушевил сите во клубот по доаѓањето од Лајпциг, па сега „биковите“ се подготвени да платат 17 милиони евра за да го откупат неговиот договор.

Елмас настапи на три натпревари за Торино во Серија А, при што постигна два гола и се наоѓа во многу добра форма.

Македонскиот фудбалер претходно во кариерата играше за Работнички, Фенербахче, Наполи и Лајпциг.