Арсенал за половина час го уништи ПСВ (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал веќе може да се подготвува за својот настап во четвртфиналето од Лигата на шампионите бидејќи по само половина час игра на гостувањето кај ПСВ дојде до водство од 3-0.

Се се случи во периодот од 18. до 31. минута во кој англискиот тим ги постигна трите гола. Отвори Тимбер, на 2-0 зголеми Нванери, а Мерин ја искористи несмасноста во одбраната на домаќините за да создаде речиси недостижна предност за „топчиите“.

Арсенал за малку не остана со играч помалку бидејќи Луис Скели откако доби жолт картон имаше уште еден жесток старт, но судијата Хил Мансано му прости. Артета не сакаше да ризикува, па во 35. минута го повлече од игра својот лев бек.