
Голманот на Милан суспендиран зашто го навредил судијата на мечот со Лацио
Мањан е суспендиран на еден натпревар и казнет со 15.000 евра затоа што го навредил судијата во тунелот кој води до соблекувалните на стадионот.
Италијанската лига не откри детали од инцидентот, но Мањан беше вознемирен по крајот на натпреварот откако Лацио славеше со гол од пенал во 98. минута.