Анчелоти и Симеоне ги избраа воините за дербито во Мадрид (ФОТО)

Реал Мадрид вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерите Карло Анчелоти и Диего Симеоне ги избраа фудбалерите за дербито.

Анчелоти остана без Џуд Белингам за натпреварот поради суспензијата на Англичанецот, но затоа средниот ред е составен од Чуамени, Камавинга и Диаз, додека во нападот ќе играат Винисиус, Родриго и Мбапе. Во одбраната ќе бидат Менди, Рудигер, Асенсио, Валверде и Куртоа на голот.

Анчелоти ќе напаѓа со двајца фудбалери, а тоа се Алварез и Гризман, додека во составот се Симеоне, Бариос, Де Пол, Лино, Лоренте, Хименез, Ленгле, Галан и Облак.