
Клуб Бриж се распадна на крајот: Астон вила со триумф се враќа од Белгија! (ВИДЕО)
Премиерлигашот по само три минути го отвори резултатот преку одличниот Леон Бејли, но радоста не траеше долго затоа што Де Кујпер израмни на 1-1 во 12. минута од натпреварот.
Возбудувањата продолжија во второто полувреме, а Клуб Бриж му парираше на Астон вила сè до 82. минута кога си постигна автогол.
Астон вила неколку минути подоцна успеа да постигне уште еден гол, откако Асенсио од пенал го матира Мињоле.
Реваншот меѓу Астон вила и Клуб Бриж е закажан на 12 март.