Атлетико го издржа притисокот на Реал, па Алварез со еврогол израмни (ВИДЕО)

По раниот водечки гол на Родриго, Реал Мадрид имаше уште 3-4 изгледни шанси да дојде до поубедлива предност против Атлетико, но не ги искористи.

Кога веќе страстите се смирија, гостинскиот тим тргна похрабро на противничката половина, а со својот прв удар дојде до израмнување.

Стрелец беше Хулијан Алварез кој постигна исклучително ефектен гол. Аргентинецот си направи простор на левата страна, а потоа со прецизен удар го совлада Куртоа кој беше немоќен да направи нешто повеќе.