Пеколен старт на мадридското дерби: Родриго погоди по само 200 секунди (ВИДЕО)

Реал Мадрид можеби игра променливо во шпанското првенство, но во Лигата на шампионите секогаш е подготвен да оди до крајот.

Вечерва, актуелниот европски шампион игра со својот градски ривал Атлетико, а резултатот го отвори по само три минути и 20 секунди.

 

 

Стрелец е Родриго кој откако доби една топка од Валверде, сам се избори за позиција и го совлада Облак.