
Педро им ги скрши срцата на „росонерите“ со гол во 98. минута (ВИДЕО)
Римскиот тим славеше на Сан Сиро со 2-1 во мечот кој имаше исклучително драматична завршница. Лацио водеше со 1-0 до 85. минута и според она што се случуваше на теренот, а и поради црвениот картон на Павловиќ, се чинеше дека така ќе заврши овој дуел.
Чуквуезе на пет минути пред крајот израмни и Милан тргна и по останатите два бода. Сепак, место да дојде до победата, домашниот тим длабоко во судиското продолжение направи пенал кој во гол го претвори ветеранот Педро кој им ги скрши срцата на навивачите на Милан.
По овој триумф, Лацио се искачи на четвртата позиција на тавелата, а Милан е уште еден чекор подалеку од пласман во Лигата на шампионите.