Сити останува најголем фаворит за трофејот во ФА Купот, но доби тежок ривал во четвртфиналето

Непосредно по одигрувањето на дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам, извршена е ждрепката за четвртфиналето во ФА Купот.

Со оглед на тоа што речиси сите гиганти испаднаа, Манчестер Сити продолжува како најголем фаворит за трофејот што е и последна шанса за оваа екипа сезонава да ја заврши со пехар. Во четвртфиналето, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Борнмут кој е едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона имајќи предвид дека се уште е со шанси за пламсан и во Лигата на шампионите.

Единствениот второлигаш во оваа конкуренција Престон ќе ја пречека Астон Вила, а Брајтон својот ривал ќе го добие утре откако Ипсвич и Нотингем Форест ќе го дадат осмиот четвртфиналист.