Во Мадрид веќе не молчат: Реал Мадрид денес ќе објави „војна“ на сојузот!

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе играат против Жирона во рамките од 25. коло во Ла Лига, а овој натпревар ќе го обележи протестот на навивачите против Шпанскиот фудбалски соју

Имено, мадридскиот клуб ги повика навивачите во 12. минута да скандираат „Корупција во сојузот“, поради како што велат низата судиски одлуки на штета на Реал Мадрид, наведува шпанскиот „Релево“:

Во текстот се истакнува дека Реал Мадрид избегнувал вакви потези, но сега претседателот Флорентино Перез сака да објави отворена „војна“ против сојузот.

Ќе потсетиме, Реал е незадоволен бидејќи смета дека судиите ги оштетиле во клучни моменти. Пред се тука се мисли на пеналот за Атлетико и исклучувањето на Белингам против Осасуна.

На табелата Барселона со натпревар повеќе има 54 бода, Атлетико 53, исто така со натпревар повеќе, Реал е трет со 51.